Од 2015 година, околу 62 земји во светот го блокираа или барем го ограничија пристапот до социјалните мрежи. Ова е резултат на студијата на приватност и безбедност на интернет „Сурфшарк“ на 185 држави. Во моментот, околу три проценти од испитаните земји го блокираат пристапот до социјалните медиуми и апликациите за комуникација, а сите се во Азија. Во Кина, Северна Кореја, Туркменистан и Иран се блокирани главно странските социјални мрежи, како Твитер и Фејсбук. Треба да се напомене дека Кина има свој национален екосистем на социјални мрежи и апликации за комуникација. Катар и Обединетите Арапски Емирати ја ограничуваат употребата на интернет-телефонијата.
Според аналитичарите, ваквите ограничувања честопати се поврзани со недемократски влади. Африканските и азиските земји најчесто го ограничуваа пристапот во изминатите пет години. Меѓутоа, во повеќето случаи, ограничувањата се привремени. Неодамнешните случаи на цензура вклучуваат кубански блокади на социјалните медиуми за време на протестите во Хавана на 30 ноември 2020 година или ограничувања на пристапот на Азербејџан за време на конфликтот во Нагорно-Карабах во септември.