Анализа на Јосип Јуратовиќ претставник на германскиот Бундестаг
Вредностите врз кои е основана Европската Унија се почитување на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги и правата на лицата што припаѓаат на малцинствата. Овие вредности се вообичаени за сите земји-членки во општеството што се карактеризира со плурализам, недискриминација, толеранција, правда, солидарност и еднаквост меѓу жените и мажите
Слично на германскиот устав и членот 1, Лисабонскиот договор е формулиран на заеднички вредности според кој, Европската Унија се смета за обединета. Меѓутоа, кога се соочивме со постојаните продлабочувања на економските нерамнотежи од 2008 година, миграциските движења, кои подоцна предизвикуваа кризи во опкружувањето, и сега со пандемијата од коронавирусот, се чини дека ова објаснување е повеќе документ од минатото. ЕУ е на крстопат и сите нејзини членки, особено Германија, и сега мора да одлучат дали конечно треба да дејствуваме во согласност со овие вредности или да го погребаме сонот за обединет континент што е повеќе од збирот на неколку држави?
На крајот на краиштата, каде е почитта кон човековото достоинство ако не успеавме да го решиме проблемот со камповите на Лезбос и на другите грчки острови каде што десетици илјади луѓе опстојуваат во неизвесност за својата судбина во кал и мизерија? Дури и за време на Велигден најголемиот верски празник на христијаните, свесно дозволуваме бегалците во Средоземно Море да се удават. Каде е слободата, ако како прва реакција на ширењето на коронавирусот ги подигнавме европските граници без никакви докази за ефективноста од оваа мерка? Каде се демократијата и владеењето на правото ако се спротивставиме на систематско отстранување на овие принципи во Унгарија и Полска, единствено со протестни ноти и најавување построг надзор?
И, конечно, каде е вистинската солидарност да застанеме едни до други во тековната криза? Ова е посебно прашање што ние Германците мора да го поставиме, слично како што рече и сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во својот велигденски говор: „Триесет години по германското единство, 75 години по завршувањето на војната, ние Германците не сме само повикани на солидарност во Европа, на тоа сме должни!“
Секако, донирањето респиратори и преземањето пациенти на интензивна нега е убав гест, но тие се капки во океанот, и покрај огромните страдања што во моментот ги доживуваат Шпанија и Италија, но и Франција, поради коронавирусот. И неодамнешниот договор на министрите за финансии во еврозоната за справување со пандемијата може изгледа огромен на хартија, но како што го забележа тоа и холандскиот министер за финансии, Вопке Хоекстра, сѐ беше со намера направено „нејасно“, така што сите страни во него да можат да ги напуштат преговорите со чист образ.
Договорот им даде на земјите од јужна Европа пристап до дополнителен кредит за време на кризата, но тоа решение пак само го префрли проблемот за во иднина и истовремено ја продлабочи економската нерамнотежа во Европа.
Затоа засега останува нејасно како земјите како Италија, кои треба да ги вратат своите економии на вистинскиот пат и во исто време да го намалат огромниот државен долг, ќе го постигнат тоа во време без заедничко решение.
Во сета оваа приказна едно е јасно дека секако мораме да донесеме одлука.
Дали прифаќаме забрзување на дегенерацијата на ЕУ како една голема економска област? Пазар на кој државите самите ја извршуваат својата економска благосостојба, без каква било форма на споделени вредности или идеалистички цели на цивилизациското достигнување? Или ние ќе ја искористиме оваа криза за да направиме јасен рез со внатрешното пропаѓање на Унијата, кое се случува во последните години и ќе се обидеме да отвориме ново поглавје како што го сторија тоа европските основачи од 1950-тите и 1960-тите години со основањето на Европските заедници, а подоцна и во осумдесеттите каде што Хелмут Кол, Франсоа Митеран и другите го направија со Договорот од Мастрихт и еврото.
Исто како тогаш и сега ваквиот чекор ќе бара политичко лидерство и визии да се биде подготвен за тешко убедување на ризици и компромиси. Во 2018 година на хартија потпишавме договорот за коалицирање на германската влада „нов почеток за Европа“, а францускиот претседател Емануел Макрон долго време за тоа ја држеше раката подадена.
Денес, во пресрет на оваа криза, имаме можност да создадеме токму една нова Европа. Затоа токму сега е потребно итно да се следи патот кон соединетите држави на Европа, по примерот на САД. Овој чекор мора да го зачекорат одново Франција и Германија и тие да бидат пример за преостанатите земји од Унијата со што давањето со дел од својот суверенитет ќе се добие суверена и побезбедна Европа. Што чекаме?
Авторот е социјалдемократ и член на германскиот Бундестаг со четврти негов мандат. Тој исто така е член на Комисијата за надворешна политика и претседател на парламентарната група за Западен Балкан, но и потпретседател на северната јадранска парламентарна група (Хрватска и Словенија) каде што ги презентира своите ставови за ЕУ и глобалната криза, односно дали Европа е загрозена од губење на нејзините социополитички вредности.