Кога станува збор за статистичките податоци за државите со најмногу острови во светот, бројките се разликуваат од извор до извор. На пример, порталот „Ворлд атлас“ наведува дека од сите држави, Шведска има најмногу острови, и тоа вкупно 221.800, од кои повеќето се ненаселени. Дури и главниот град Стокхолм лежи на архипелаг од 14 острови поврзани со над 50 моста.
Порталот го цитира финското министерство за туризам дека Финска има околу 188.000 острови, што ја става втора на листата. Канадскиот центар за статистика тврди дека Канада има 52.455 острови и со тоа е далеку на третата позиција. Меѓу првите десет земји во светот е и Грција, и тоа со околу 6.000 острови.