На Европејците им е непријатно да зборуваат за структурниот расизам. Но тоа е реалноста за милиони луѓе на континентот и треба да се реагира искрено
Човекот на клупата погледна во небото. Тој ја испушти цигарата без да се оптоварува со работите околу него. Седнав на мало растојание од него, додека љубопитноста ме туркаше да прашам што недостигаше во грозоморните облаци.
– Само што ме ослободија денеска од затвор. Немав слобода да уживам во сонцето вака или да разговарам со небото непречено како сега – рече тој.
Како што се одвиваше разговорот, ми стана очигледно дека тој бара одговори во тие облаци зошто воопшто бил уапсен.
„Погрешен идентитет“, го нарекоа тоа кога го ослободија. Цели четири недели, тој не ги видел својот тригодишен син или неговата сопруга. Во тие четири недели, тој ја загубил работата како готвач во мал ресторан, каде што работел по доаѓањето во Германија четири години претходно.
Тој бил обвинет за кривичното дело препродажба на дрога. Описот на осомничениот му одговараше. Полицијата му рекла дека станува збор за „виток, црн маж на триесеттина година“. Тоа е опис што може да одговара на повеќето ретки црнци од неговата улица или на друго место во Германија. Врз основа на тоа, тие го уапсиле. Го претресле и него и неговиот стан и не нашле ништо. Сепак, тие го држеле во затвор четири недели. Тој одеднаш бил ослободен, ама без објаснување и извинување.
Тој, а не полицијата, ќе страда и ќе живее со последиците од тоа што е човечко суштество и црнец. Додека го гледав како тагува на таа клупа, се сетив на веста дека германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Сехофер, ја откажува истрагата за расно профилирање од страна на полицијата. Неговиот аргумент е дека нема потреба од таква истрага затоа што полицијата мора да биде недискриминаторска во нивните проверки. Се наежив од помислата дека уште многу црнци ќе седат изгубени на клупа или во затвор затоа што биле расно профилирани.
Кога не се прават такви процени, забораваме колку е сериозно расното профилирање на луѓето со црна и со друга боја на кожата во Германија, колку е тешка полициска бруталност и, воопшто, колкава е распространетоста на расизмот и расната дискриминација во Германија и во други држави на Европската Унија.
Еден пример е шокантната неодамнешна најава на началникот на полицијата во Штутгарт, кој сака да ги истражи и објави семејните истории на осомничените за безредијата што се случија во јуни во градот. Колку е погрешно тоа? Како не е јасно дека ова само ќе доведе до понатамошна дискриминација на малцинствата, кои веќе се осомничени со етикетата „лица со мигрантско потекло?“
Расизмот не е проблем на црните луѓе. Тоа е проблем на сите. ЕУ мора да признае дека расизмот е форма на дискриминација пред да може да спроведе мерки за негово решавање. Постојаните слики на изгладнети црни деца на нашите улици, екрани и во поштенските сандачиња, само ја потврдуваат сликата на луѓето со африканско потекло како сиромашни, кои имаат потреба од бело искупување.
Поголемиот дел од Европа е формиран од единствената приказна за сиромаштијата и потчинетоста на црната раса. Тешко е за белите Европејци да признаат дека се несвесни расисти иако тие секојдневно се однесуваат расистички. Ова го знам сигурно, бидејќи го доживувам секој ден во мојата канцеларија, кога повеќето луѓе гледаат преку моето рамо до белите, честопати неискусни работници за кои јас сум одговорна кога сакаат да побараат некој совет. Само откако ќе заглават, тогаш се враќаат со свиткана опашка за да ме прашаат за истата работа. Ова, луѓе, е она што се нарекува структурен и системски расизам. Тоа е дневна реалност за многу луѓе со темна боја на кожата во Европа.
Вообичаено е за луѓето со африканско потекло, кои се родени и/или образовани во Европа, иако имаат одлични квалификации, на крајот да останат без работа или да останат работа и да им се докажуваат на нивните шефови, кои лошо ја вршат работата, но сепак се нивни шефови само поради бојата на кожата.
Во тој момент, за нив станува јасно дека тие ќе ги завршуваат работните обврски, а нивните шефови ќе ги собираат сите пофалби и придобивки. Ова е тоа што се нарекува „бела привилегија“.
Како можеме да го исправиме? Мора да има јавно признание на проблемот и подготвеност искрено да се разговара и да се менува, да се дознае сета недоверба поврзана со расизмот и со расната нееднаквост и одново да се научат еднаквоста и недискриминацијата.
ЕУ и нејзините земји-членки не можат да ги игнорираат гласно изговорените зборови на нејзините граѓани што маршираат по улиците на поголемите градови како Париз, Берлин и Брисел и извикуваат дека се важни и животите на црнците. Законодавците како Сехофер не смеат да смеат да престанат да ја оценуваат работата што може да помогне во зачувувањето на човечкото достоинство и да се спречи страдањето на лицата со црна и со друга боја на кожата, кои се цел на расистички напади. Ова не е во согласност со вредностите на ЕУ. Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, не може да го минимизира ова прашање велејќи дека Европа има подобра историја од САД во однос на прашањата поврзани со расизмот. Луѓето го креваат својот глас и излегуваат. Слушајте, научете и поправете се.
Се потсетувам на постојаната дискриминација на Ромите, кои дури и во 2020 година сè уште се борат за своите човекови права и еднаквост во рамките на ЕУ. Да дејствуваме сега, така што ниту еден или ниту една група луѓе нема да бидат изоставени, така што идните генерации можат да се пофалат со ЕУ, која е ослободена од расизам и расна дискриминација. Тоа би била една Европа со навистина заеднички вредности.