Постојано се зголемува бројот на држави што имаат повеќе смртни случаи од раѓања во дадена година. Анализата на податоците од Обединетите нации што ја направи Федералниот институт за истражување на населението од Германија покажува дека „природната рамнотежа“ на раѓања и смртни случаи се намалува на светско ниво, што предизвикува стареење, па дури и намалување на населението. Од 1972 година, во Германија морталитетот е поголем од наталитетот, а од пред 1990 година тоа почна да се случува и во Унгарија и во Чешка. До средината на овој век, сите европски држави, со исклучок на Норвешка и Шведска, се очекува да забележат негативен природен прираст на населението. Дури и густо населените земји како Бразил и Кина се предвидува да ја доживеат оваа промена пред 2050 година. По 2100 година, зголемување на природниот прираст на населението ќе може да се забележи во Африка, во дел од Арапскиот Полуостров, Океанија и Централна Азија, а Шведска се очекува да биде единствената европска земја што ќе го задржи ваквиот тренд.
Зголемувањето на морталитетот не значи автоматски дека населението се намалува. Миграцијата, исто така, игра главна улога во равенката и може да го поддржи растот на популацијата ако државата има капацитет да привлече доволно доселеници.

Подготвиле: Марјан Велевски, Билјана Здравковска