Домашното расположение кај засегнатите страни од конфликтот
Кога Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, лидерите во Киев и во Москва еднакво ги надминаа сомнежите за поддршката за конфликтот на домашниот фронт. Рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли употребата на зборот „војна“, исклучи масовна мобилизација и избра да не ја стави економијата на воена основа. Пред да започне судирот, слични стравови, од домашна паника и етничка поделба, го наведоа украинскиот претседател Володимир Зеленски целосно да го минимизира ризикот од конфликт.
Во Европа, политичарите и коментаторите се прашуваа дали цврстиот антируски одговор ќе биде одржлив, а исто така беа загрижени дека доминацијата на Москва како снабдувач со енергија ќе ѝ овозможи да ги „уценува“ своите западни клиенти и дека многу членки на Европската Унија (ЕУ) и на НАТО, каде што и во двата случаја е потребна едногласност за донесување одлуки, не сакаа да ја предизвикаат Русија.
Вознемиреноста за домашната поддршка беше помалку изразена во САД, но партизираноста и политичката поларизација потхрануваа сомнеж дури и таму. Во однос на американската левица, некои пратеници го притиснаа Бајден минатиот октомври да продолжи со отворени разговори со Русија и да работи на прекин на огнот. Од десната страна се очекуваше новото републиканско мнозинство во Претставничкиот дом да го оспори наводниот пристап на администрацијата на Бајден за „бланко-чек“ за помош за Киев. Сите овие стравови сега изгледаат претерано.
Како реагираше домашната јавност во Русија?
Иако западните влади го воведоа најсеопфатниот режим на санкции што некогаш бил собран против голема сила, за повеќето Руси влијанието врз секојдневниот живот е незначително. Приходите од извозот на енергија останаа високи, а увозниците најдоа нови начини да внесат странска стока. Кога Путин конечно се реши на програма за делумна мобилизација минатата есен, стотици илјади мажи на регрутирање ја напуштија земјата, но исто толку беа регрутирани. Така, бројот на војници се зголеми, а организираниот протест беше благ (дури и меѓу етничките малцинства, кои најмногу се предмет на повикување). Додека вистинската длабочина на патриотската поддршка за војната останува непозната, се чини дека државната пропаганда создаде цврста основа на националистички чувства. Оние што велат дека Путин направил премалку за да победи во војната се погласни и потолерантни од оние што ја доведуваат во прашање.
Реакции на јавноста во Украина
Секојдневниот живот е длабоко изменет од војната, но се чини дека интензивните тешкотии ја обединија, а не ја поделија Украина. Етничките и регионалните разлики се сведени на минимум. Мерките што се сметаа за контроверзни пред војната, како медиумските контроли или притисоците врз Православната црква ориентирана кон Москва, донесоа едвај некаква негативна реакција. Антикорупциската кампања што Владата неодамна ја започна, сугерира уверување дека нови построги мерки нема да ги попречат воените напори.
Реакции на јавноста во Европската Унија
Европските влади добија слично јавно прифаќање на скапите политики. Иако можеби се очекуваше да се распаднат владејачките коалиции, повисоките сметки за комунални услуги и сѐ уште високите цени на горивото имаа минимално политичко влијание. Фракционерскиот раздор што можеше да ги подели партиите чувствителни на потенцијалното гласачко незадоволство едвај може да се забележи. Земјите-членки на ЕУ и на НАТО, кои можеби го оспорија силното антируско мнозинство во секоја од организациите, не го искористија своето право на вето.
Каков е јавниот став во САД?
Истата шема е видлива во американското јавно расположение. Побавната инфлација и намалувањето на цените на горивата до крајот на 2022 година не дозволија Украина да стане вистински финансиски проблем по американскиот џеб. Анкетите покажуваат дека помалите мнозинства ја фаворизираат поддршката за Киев отколку пред една година, но нема организиран конгресен предизвик за постојната политика. Највлијателните претседатели на комисиите во новиот Конгрес, всушност, го прекоруваа тимот на Бајден затоа што не направи премногу, туку затоа што направил премалку и пребавно.
Одржување за позитивен изглед
Самиот факт дека владите можат да изградат поддршка за нивните политики во првата година од војната не значи дека тие можат да ја одржат. Но ставовите утврдени на почетокот на конфликтот може да се покажат издржливи и тешко да се изгубат, освен ако фактите на теренот драматично не се променат.
Желбата да се спречи каков било шок за јавната поддршка го објаснува големиот влог што Москва и Киев го прават со битките околу Бахмут, чие значење за двете страни можеби е повеќе симболично отколку стратегиско. Путин сака да забележи некаква победа, а Владата на Зеленски не сака нејзината јавност, или нејзините западни поддржувачи да мислат дека конфликтот се врти во корист на Русија. Западните влади ги зголемуваат квалитетот и квантитетот на помошта за Украина од слични причини, бидејќи никој не сака да биде обвинет за воените неуспеси.
По една година војна, сите страни во конфликтот изгледаат уверени дека можат да ја одржат домашната поддршка. Никој од нив, се разбира, не знае што ќе се случи ако поразите се зголемат, ако дојде до ќор-сокак или ако се влошат економските оптоварувања. Но, засега, успехот на домашниот фронт значи дека војната ќе продолжи, па дури и може да се интензивира.