Сите сакаме нашата бања да биде украсена со меки пешкири, но сѐ почесто се случува тие да станат груби набргу по купувањето, што, секако, не ја радува нашата кожа. Меѓутоа, доколку сакате да им ја вратите мекоста, за тоа постои решение, а тоа се наоѓа во вашата кујна.
– Сè се сведува на начинот на кој ги перете пешкирите и, веројатно, тука се случила грешката. За да ги омекнете повторно, она што треба да го направите е да ги ставите пешкирите на перење без детергент – вели Лаура де Бара во видео на својот профил на Тикток.
При перењето пешкири, со помош на состојка што сигурно ја имате во вашата кујна, нема да ви треба детергент.
– Затоа, ставете ги пешкирите во барабанот од машината за перење како и обично, а потоа ставете две чаши оцет во преградата за детергент. Оцетот е апсолутно неверојатно нетоксично средство за чистење, а исто така ги елиминира мирисите – додава таа.
Лаура препорачува и енергично тресење на пешкирите кога ги сушите надвор, бидејќи тоа помага да се „отворат влакната“.