Домување

Омекнувачот за ткаенини е производ што има способност да направи вашите алишта да мирисаат одлично и да бидат супермеки. Тој е регенератор за вашата облека, постелнина и за сѐ друго што перете.
– Формулите за омекнување содржат масни киселини, кои на крајот влијаат на на вашата ткаенина – вели Џесика Ек од Американскиот институт за чистење.
Таа објаснува дека „позитивно наелектризираните“ масни киселини природно се привлечени од „негативно наполнетата“ облека што се врти во вашата машина. Омекнувачот за ткаенини ги подмачкува овие влакна и го неутрализира полнењето, што на крајот ги штити вашите алишта од оштетување и ги прави помеки. Резултатот е помалку туткање, помалку статика и ткаенина што е мека на допир. Мирисот е уште една предност, но можете да најдете и омекнувачи без мирис ако го претпочитате тоа.
Омекнувачот за ткаенини не е лош сам по себе, но дефинитивно има некои работи што треба да ги знаете пред да го користите овој додаток за перење. И конечно, некои луѓе откриваат дека воопшто не им треба омекнувач. Омекнувачот не треба да се користи за крпи, спортска облека или други парчиња облека што ја апсорбираат влагата.
– Омекнувачот може да ги разгради влакната во овие материјали – предупредува Лори Фулфорд, експерт за перење.
Омекнувачите за ткаенини со мирис може потенцијално да ја иритираат чувствителната кожа. Одлучете се за формула без мирис или целосно прескокнете ја. Додека омекнувачот може да даде мека завршница без туткање, постојаната употреба може негативно да влијае на вашата ткаенина со текот на времето. Тие потенцијално можат да ја променат состојбата на облеката.