Домување

Кога го чистите домот, треба да внимавате на одредени навики бидејќи тие предизвикуваат повеќе штета отколку корист.
Користите премногу средство за чистење: Ако не е доволно измиена, површината што сте ја исчистиле ќе стане магнет за нечистотија. Поради оваа причина, секогаш треба да ги читате упатствата за употреба и секогаш да го користите препорачаното количество.

Чистите со уреди што, всушност, се валкани: Доколку вашата машина за перење има непријатен мирис, секако дека ќе се пренесе и на облеката. Ако ќесето во правосмукалката е полно со прав, таа нема да работи правилно. Се подразбира дека валканите крпи и сунѓери шират само бактерии. Одвојте време за темелно чистење на апаратите по секоја употреба со целосно празнење или миење со топла вода и додавање средство за дезинфекција.

Користите абразивни средства за чистење: Ваквите производи можат да ги уништат заштитните слоеви на мебелот, паркетот и слично. Можете исто така да им го загрозите здравјето на вашите миленици и на членовите на семејството. На пример, белилото со хлор може да послужи како одлично средство за дезинфекција, но не треба да се користи за отстранување нечистотија.

Избришете го правот откако ќе завршите со правосмукалката: Собата прво треба темелно да се исчисти за да не забележите прав откако сте поминале со правосмукалката. Исто така, не заборавајте често да ги перете крпите за чистење.