Домување
Исечете лимон на четири парчиња, ставете ги парчињата во чинија и додајте малку сол. Можете да ги чувате на шкафче до креветот за подобар сон и релаксација или во кој било дел од куќата каде што сакате да создадете мирислива оаза. Придобивките од вдишувањето на мирисот на солениот лимон се: опушта и освежува, го олеснува дишењето, особено при алергии или настинки, ги отфрла инсектите, вклучувајќи ги и комарците, и секако домот мириса пријатно и свежо.
Истражувањата покажуваат дека мирисот на свеж лимон или етерично масло од лимон во нашите тела го поттикнува лачењето серотонин, кој го нарекуваме и хормон на среќата. Како што сугерира неговото име, овој хормон е одговорен за нашето добро расположение. За да го освежите просторот во домот, исто така може да го исечете лимонот на парчиња и да го потопите во вода. Направете го тоа во тегла за, покрај мирисот, да уживате и во погледот на лимонот. Откако ќе го исцедите лимонот, остатоците ставете ги во фрижидер, тоа ќе ги неутрализира непријатните мириси и секогаш кога ќе го отворите ќе почувствувате мирис на свежина. Освен за подобрување на расположението, неутрализирање на непријатните мириси и јадење, лимонот е одличен и за чистење и дезинфекција на домот. Добро е периодично со лимон и сол да се тријат штиците што се користат за сечкање храна.