Покрај распоредот на собите и мебелот што го красат вашиот дом – боите се еден од најважните фактори во декорацијата, велат експертите за фенгшуи.
Сината е боја за која отсекогаш се сметало дека зрачи со блаженство, мир и духовност. Фенгшуи ја поврзува со водниот елемент, ја смета за мирна и смирувачка, но препорачува младенците да ја избегнуваат во спалната соба, бидејќи може да предизвика меланхолија и сомневање.
Црвената е боја што стимулира и доминира. Таа е симбол на страст, енергија, добра волја, храброст, акција и преземање на вистинските чекори во животот. Кога таа не е околу нас, можеме да се чувствуваме немотивирано и депресивно, но ако ја има премногу, тогаш може да поттикне агресија, лутина и негативни страсти.
Жолтата е боја што отсекогаш била поврзана со интелект, просветлување и добра вест. Дополнително симболизира добар проток на енергија, оптимизам, пријателство и авантуризам.
Зелената боја е смирувачка, а симболизира раст, плодност и хармонија. Тоа е исто така поврзано со темелност, практичност, креативност, неограниченост. Експертите за фенгшуи советуваат слободно да се користи малку зелено во спалната соба, имајќи предвид дека тоа е место на кое му требаат оптимизам, слобода и рамнотежа.