За автомобилот „ламборгини“ велат дека е изграден за забава и има пет карактеристики што го дефинираат овој модел. Автомобилот е познат по карактеристиката, која претставува излизгување на автомобил со погон на задни тркала, кога возачот врти и применува поголема моќност. Другите четири карактеристики се чувството за ракување со возилото, пренос на товарот, контрола на тркалата и чувство при управување. Но дали „хуракан ЛП580-2“ нема ништо повеќе од способноста за лизгање? „Хуракан ЛП580-2“ исто така е полесен, поподвижен и поевтин од „4WD хуракан LP610-4“. Тоа исто така значи дека е наменет за малку поинаков купувач поради неговата попристапна цена. Таа сѐ уште не е официјално одредена, но сепак рамките во кои ќе се движи покажуваат дека ќе достигне околу 160.000 фунти. Тоа значи дека претставувал поевтина верзија за 20.000 фунти од неговиот постар брат. Овој автомобил се доведува во истиот опсег на цени како што се „мекларен 570С“, „порше 911 турбо“ и добро опремен „ауди П8“.

Концептот за погон на задните тркала и можноста за лизгање е концепт од самиот почеток на моделите „хуракан“. Целта на серијата е замислена да понуди нешто различно од стандардниот автомобил. Серијата „ЛП550-2 балбони“ е именувана по легендарниот тест-возач на „ламборгини“, а промените во однос на претходните серии, надвор од погонскиот мотор се минимални. Овој пат новата серија на „хуракан ЛП580-2“ е малку поинаква и има повеќе промени во однос на претходните верзии. Во новата серија е отфрлен непотребниот хардвер и се заштедени 33 килограми. Според тоа, новата верзија тежи 1.497 килограми. Исто така во моделот „хуракан“ е префрлена дистрибуцијата на тежината од 43:57 до 40:60 од напред кон назад.

Бидејќи инженерите на „ламбогини“ сакаат автомобилот да се лизга, да се движи со голема стабилност, преносот на тежината, предните амортизери и лентата за заштита од пролизгување беа отклонети за околу 10 проценти, а во задниот дел за околу 5 проценти. Во однос на моторот, моќноста од 5,2-литарскиот В10 постигнува максимална моќност од 8.000 револуции во минута. Иако ова не претставува голема работа, сепак моторот се чувствува помоќен при крајот на забрзувањето. „Хуракан“ има забрзување од 0 до 62 милји на час за 3,4 секунди, а тоа не претставува бавно забрзување во споредба со неговите ривали, кои наедно се и побучни.


Со билет од 10 долари до „ламборгини хуракан“ благословен од страна на папата Франциск

Доколку некогаш сте се молеле за да добиете „ламборгини“ сега постои можност и да го добиете. Минатата година, „Ламборгини“ откако го изгради специјално издание на „хуракан ЛП580-2“ му го подари на папата Франциск. На дизајнот на автомобилот беа прикажани боите на ватиканското знаме. Спортскиот автомобил беше благословен и потпишан од папата пред да биде продаден за добротворни цели. Беше продаден за нешто повеќе од 850.000 американски долари. Сега повторно специјалниот „хуракан“ може да се зграби, само што овој пат не мора да ограбите банка за да го исплатите. Всушност, благословениот „хуракан“ може да се добие за околу 10 долари. Се разбира, ќе треба да се помолите за да бидете среќникот што ќе го добие.
„Омази“ е онлајн-платформа за прибирање хуманитарни финансиски средства, кои потоа тие ги користат за донирање за добра кауза. Всушност, приносите од оваа кампања ќе имаат корист и ќе помогнат да им се трансформираат животите на многумина низ целиот свет. Конкретно, средствата ќе бидат искористени за да се помогне во обновата на селата уништени од војна, да им се помогне на жртвите на трговијата со луѓе, па дури и да обезбедат здравствена заштита и образование за оние што живеат во сиромаштија.
Постојат многу начини за некој да влезе на натпреварот и сето тоа зависи од тоа колку сака да потроши за да ги зголеми своите шанси. Со почетната вредност од 10 долари се добиваат 100 влезници, додека највисоката вредност што би можел некој да ја донира е 5.000 долари, што ќе му овозможат 50.000 влезници. Непотребно е да се каже дека колку повеќе влезници ќе има некој, толку се поголеми шансите за да го освои бело-златниот „хуракан“. Среќниот добитник на специјалното издание „ламборгини хуракан“, „Омази“ ќе го донесе во Ватикан за да ги добие клучевите на специјална церемонија, со благослов на самиот папа Франциск и извршниот директор на „Ламборгини“, Стефано Доменикали.