Машката репрезентација на Русија на подготовките во Скопје (1-9 април), во т.н. недела на ЕХФ, ќе допатува со 18 ракометари, од кои 12 се интернационалци, предводени од крилата на Вардар, Тимур Дибиров и Данил Шишкарев. Под водство на селекторот Едуард Кокшаров, предвиден е и еден пријателски дуел од затворен тип со Македонија, на 7 април. Во јунскиот бараж за пласман на СП 2019, Македонија ќе игра со Романија, а Русија со Чешка.
Список на играчи на Русија: ГОЛМАНИ: Виктор Киреев (Мотор, Украина), Олег Грамс (Данкерк, Франција), Денис Заболотин (СКИФ, Русија). ЛЕВИ КРИЛА: Тимур Дибиров (Вардар) и Роман Осташенко (Чеховски, Русија). ДЕСНИ КРИЛА: Данил Шишкарев (Вардар) и Димитриј Ковалев (Спартак, Русија). ЛЕВИ БЕКОВИ: Сергеј Горбок (Сегед, Унгарија), Виталиј Комогоров (Динамо, Романија), Александар Шурински (Мешков, Белорусија), Димитриј Санталов (Чеховски, Русија), СРЕДНИ БЕКОВИ: Димитриј Житников (Сегед, Унгарија), Павел Атман (Хановер, Германија). ПИКЕРИ: Глеб Калараш (Магдебург, Германија), Сергеј Горпишин (Ерлаген, Германија) и Максим Михалин (СКИФ, Русија), ДЕСНИ БЕКОВИ: Сергеј Шелменко (Мотор, Украина) и Димитриј Кисељев (Универзитет Нева, Русија). Г.И.