Трикови за гламурозен изглед на Нова година
Влезете во 2022 година со стил. Оваа ноќ повеќе е дефинитивно дозволено.
Овој пат ви откриваме пет едноставни трикови, кои вашиот изглед ќе го направат гламурозен, не чинат многу и лесно можете да ги испробате.
Сјајна сенка – Ако е нешто изговор за шминка со светкави ефекти, тоа секако е новогодишната ноќ. Набавете сенка со светки или туш и заблескајте!
Злато на ноктите – Повеќето жени сакаат убави и обликувани нокти, па овој пат нека доминира златната боја, која секогаш е свечена и шик.
Светки во косата – Светкавите нишки во косата се забавен, младешки тренд и тинејџерките го обожуваат, но за новогодишната ноќ е дозволен за сите. Едноставно, купете металик нишки и украсете ја косата со нив. А ако тоа ви е премногу, доволна ќе биде и една убава шнола со црикони и венче како круна.
Црвени усни – Ништо не е посекси од црвен кармин. Ви дава доза гламур и елеганција, како и да сте облечени. Изберете ја нијансата што ви одговара и уживајте!
Циркони на лицето – Нова година дефинитивно е време да го испробате овој тренд. Околу очите залепете ситни циркони и светки и ефектот ќе биде неверојатен. Сѐ што ви треба ќе пронајдете во секоја подобро опремена дрогерија или парфимерија.