Во „Кремљ палатата“ во Москва, која е една од најдобрите и најпрестижни театарски и концертни сали во Русија, пред околу 6.000 присутни, на спектакуларен начин свечено беше отворен 16-от Европски конгрес за психологија. На конгресот, кој од 1 до 5 јули се одржува на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, учествуваат над 2.500 психолози, универзитетски професори, научни работници од 83 земји од Европа и светот: Русија, САД, Германија, Турција, Кина, Италија, Шпанија, Индонезија, Хонг Конг, Австралија, Бразил…
На овој најголем научен собир за психолози, не само во Европа туку и во светот, Македонија со свој научен труд ја претставува единствениот претставник, психологот од Битола, магистер по психологија Марија Младеновска-Димитровска. Научниот труд, кој е од областа на социјалната психологија, претставува опсежно истражување на Марија Младеновска-Димитровска за поврзаноста помеѓу авторитарноста, национализмот, етничката дистанца и прифаќањето на антидемократските вредности кај младите. Марија Младеновска-Димитровска е магистерка по психологија и работи како стручна соработничка во средното училиште „Таки Даскало“ во Битола.
Претходно Марија Младеновска-Димитровска, која има објавено голем број научни трудови, имаше свој научен труд и на универзитетот „Харвард“ во Бостон, САД. М.М.