Вечерва, во 19 часот, во КИЦ ќе се отвори изложбата „Динка и студентите“ , под мотото „Уметниците, студентите за Динка “, во чест на проф . Костадин Танчев-Динка, кој со својата професионална посветеност изградил неколку генерации млади графички дизајнери. Освен во графичкиот дизајн, професионално бил ангажиран со студентите и во театарската сценографија, филмската анимација и графиката. Ова е изложба на автори од Македонија, дипломирани студенти од класите на Динка.
Авторите се од разни генерации, кои творат во различни медиуми, како дизајн, сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација итн.
На изложбата излагаат 28 автори со по едно дело, а едно дело ќе биде изложено и од професорот.