Вие ни пишувате

Пролетта веќе дојде
потокот почна да жубори
срничка жедна дојде
вода да пие взори.

Покрај бистриот поток
здравец се зеленее,
од убавите цветови
околината руменее.

Од зелените листови
пријатен мирис се шири,
таму некаде во близина
овчарче на кавал свири.

Еден ден во гората
отидоа неколку девојчиња,
со ластари здравец
сплетоа убави венчиња.

На Велики Четврток
со црвено јајце и здравец
мајките ги капат дечињата,
да бидат живи и здрави
и да им црвенеат обравчињата.
Автор: Ванчо Шенковски,
наставник во пензија
од Берово