ФУДБАЛ – ЛИГА ЕВРОПА

Новата сезона на фудбалската Лига Европа (ЛЕ) почнува денеска, а ќе играат, меѓу другите, три поранешни европски прваци и шест дебитанти во групната фаза на тоа натпреварување, откако се игра со име Лига Европа (порано Куп на УЕФА).
Така, во трка за трофејот се некогашните континентални шампиони Ливерпул (Англија, шест титули), Ајакс (Холандија, четири) и Марсеј (Франција, една), а Ливерпул и Ајакс имаат трофеи и од Лига Европа. Во првото коло вечерва (од 21 часот) се игра и дербито на некогашните европски прваци Ајакс – Марсеј.
Дебитанти, пак, во групната фаза на Лига Европа се Арис Лимасол (Кипар), Брајтон (Англија), Хекен (Шведска), Раков (Полска), Сервет (Швајцарија) и ТСЦ (Србија), а од нив само Брајтон првпат воопшто ќе игра европски натпревари.
Од најсилните пет домашни европски првенства (Англија, Италија, Германија, Шпанија и Франција), во групната фаза на Лига Европа се и победникот на Конференциската лига од минатата сезона, Вест хем, потоа Рома, Аталанта, Баер, Фрајбург, Вилјареал, Бетис, Тулуз и Рен. Ова е последна сезона на Лига Европа со 32 учесника, поделени во осум групи, бидејќи од идната сезона ќе настапуваат по 36 тима, во една група, како и во Лигата на шампионите. Н.М.