Според извори цитирани во руските медиуми, во водите на Северниот морски пат нема да може да престојува повеќе од еден странски воен брод или друг странски државен брод. Во исто време, странските подморници ќе мора да продолжат да пловат на површината и под нивното знаме. Имено, Советот на Руската Федерација деновиве строго ја пропиша процедурата за минување на странски воени бродови низ руските внатрешни води на Северниот морски пат (НСР)
Арктичкиот круг станува главна зона на судир на интересите на големите сили
Геополитичките аналитичари во последно време со големо внимание ги следат политичките, воените и економските случувања поврзани со арктичкиот круг – како главна идна сцена и зона на судир на интереси на клучните глобални играчи. Арктичкиот круг станува интересен не само поради неговите важни стратегиски воени и транспортни карактеристики и елементи поврзани со забрзаното топење на ледената покривка туку и поради огромните природни ресурси што Арктикот ги крие во себе – вклучувајќи ги (пред сѐ) оние од енергијата.
Русија засега најактивна во северниот (арктички) круг
Заради „обезбедување на своите национални интереси“, како што излегува со став Кремљ, Русија во моментов е најактивна на гореспоменатиот простор на Земјината топка. Во контекст на динамичните активности на Русија во зоната на Арктикот, се разбира дека тука не станува збор само за нејзината поволна географска положба туку и за одамна јасно дефинираната национална стратегија и интерес за тој исклучително високостратегиски регион. За ова сѐ повеќе станува свесна и меѓународната заедница.
Имено, Советот на Руската Федерација деновиве ја одобри процедурата за минување на странски воени бродови низ руските внатрешни води на Северниот морски пат (НСР). На седницата на горниот дом на рускиот парламент на 30 ноември беше усвоена одлука според која земјата на која ѝ припаѓа странскиот воен брод ќе треба да поднесе барање за дозвола за минување низ овие води.
Официјална Москва ќе издава дозвола ако некој сака да мине преку Северниот морски пат
– Дозволата е потребна најдоцна 90 дена пред предложениот премин, а предвидува и брзо суспендирање на движењето на овие пловни објекти, со испраќање навигациски предупредувања – објасни Валериј Пономарев, член на Комитетот за економска политика на Советот на Федерацијата.
Според извори цитирани во руските медиуми, во водите на Северниот морски пат нема да може да престојува повеќе од еден странски воен брод или друг странски државен брод. Во исто време, странските подморници ќе мора да продолжат да пловат на површината и под нивното знаме.
Подготвил: Mарјан Велевски