Фотовест

Дечињата од објектот „Калинка“ на ЈУДГ „Детска радост“ – Гази Баба, во Скопје, минатата недела одржаа приредба по повод доаѓањето на пролетта и Денот на водата. Во присуство на родителите и наставниот кадар се одржа едночасовна приредба, на која дечињата заедно со родителите играа, цртаа, пишуваа пораки за важноста на водата, боеја цветови и декорираа дрвја. Трите групи на учителките Биби и Хари, Весне и Маја и Јуле и Цеце приредија прекрасна забава за нив, но и за гостите.