Тој шарен свет
Во Канада и кучињата одат на училиште за да не остануваат сами дома во текот на долгите работни денови. Некои од нив ги започнуваат своите утра на ист начин како и учениците: комбето запира, вратите се отвораат и нивната дневна авантура почнува.
Услугите за превоз до градинките за кучиња сега се достапни во канадските градови Калгари, Торонто и Киченер-Ватерло. Компаниите како „Руф енд Пуф“ (Ruff and Puff ) и „Пју трипс“ ( PawTrips) испраќаат мини-автобуси директно до домовите на сопствениците, а нивните миленици со одушевување влегуваат во возилата.
Активностите во текот на денот се слични на училишната рутина – по утринското собирање следуваат целодневна грижа, термини за игра, време за одмор и попладневно враќање дома. Кучињата си играат поделени во групи, секако под надзор, за нив има и интерактивни игри за поттикнување разни вештини и прошетки на отворено.
За кучињата на кои секојдневието им е здодевно, анксиозни се или имаат вишок енергија, денот минат во друштво на други кучиња може да им донесе значајна промена на подобро.
































