Отворен е меѓународниот конкурс за поетскиот фестивал „Детско царство“, наменет за учениците во основните училишта од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Македонија и Бугарија.
Песните треба да се испраќаат на веб-адресата: [email protected].
Треба да се напишани на мајчин јазик и да се праќаат исклучиво по електронски пат, во формат doc или docx, отчукани со некои од основните фонтови.
Темата е слободна, а бројот на редови што еден автор може да го испрати не е ограничен.
Учениците ќе бидат бодирани во две категории: помлади, од прво до четврто, односно од прво до петто одделение, и постари, од петто до осмо или од шесто до деветто одделение.
Секој учесник треба да напише пријава со следните податоци:
– име и презиме на авторот и одделение
– податоци за училиштето во кое учи (место, адреса, имејл и телефон)
– име и презиме на менторот
– име на лице за контакт, имејл и број на телефон

Подетални информации за фестивалот можете да добиете на телефонот:
+387 6547 11 87, д-р Слободан Стошиќ.
Конкурсот е отворен до 17 март годинава.