Викендов во Македонија значителен пораст на дневните температури
Денеска во текот на целиот ден нѐ очекува променливо облачно време со подолги сончеви периоди, а за викендот променливо облачно со локални врнежи на дожд, како и снег во одредени повисоки делови. По завршувањето на викендот доаѓа постудено време, односно од понеделник доаѓа до опаѓање на вечерните температури под нулата, а во наредните десетина дека нѐ очекуваат врнежливи денови, но и искачување на температурата над нулата.
Во споредба со балканските држави во кои ќе се чувствува влијанието на циклонската активност, поради што ќе има интензивни врнежи проследени со грмежи, како и врнежи од снег и лапавица, во Македонија циклонската активност ќе биде помала, а ќе се почувствува во западните делови. Ќе има сончеви периоди, а во источните делови на Македонија ќе има посилен бран со кој продира средоземноморската клима.
Во следниве денови во Македонија се очекува стабилно време. Денес и на почетокот на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од недела нѐ очекуваат врнежи од дожд и промена на ветрот во северен.
Прогноза за денеска и за сабота-недела
Денеска во текот на целиот ден нѐ очекува променливо облачно време, со сончеви периоди, минималната температура ќе се движи од -2 до 7 Целзиусови степени, а максималната температура од 8 до 16 Целзиусови степени.
В сабота нѐ очекува засилен ветер од јужен правец, што нема да дозволи спуштање на температурите под нулата, а во ноќта во северозападните и северните делови ќе започнат локални врнежи од дожд.
В недела времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад се очекуваат врнежи од снег. Во текот на денот ќе дува умерен ветер, а во Повардарието се очекува повремено да дува засилен северен ветер.
По завршување на викендот доаѓа до промена на времето. Од понеделник доаѓа до опаѓање на вечерните температури под нулата. В понеделник, во попладневните часови, нѐ очекува снег на одредени повисоки места во Македонија, а во наредните денови дожд и снег. Врнежи од дожд се очекуваат до 13 декември. Д.Ст.
Синоптичка карта за сабота 2 декември 2023 година