Повик за учество на млади поети

Во периодот од 20 до 23 март и годинава, „Скопје сити мол“ заедно со фондацијата „Ацо Шопов поезија“, „ПНВ публикации“, „Култура бета“ и други учесници го организира проектот „Денови на поезијата“ со низа настани што ја промовираат поезијата.
– Како и минатата година, така и оваа, го организираме и настанот наменет за поддршка на младите поети „Скопје СИ ТИ“ ‒ поетско читање на млади поети и поетеси почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати. Заинтересираните учесници треба да бидат на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни во ворд-документ на мејлот [email protected] најдоцна до 14 март – велат организаторите.
Имињата на одбраните поети учесници на настанот ќе бидат објавени на 17 март на Фејсбук и на Инстаграм на „Култура бета“ и „ПНВ публикации“, а настанот ќе се одржи во „Скопје сити мол“ на 23 март, со почеток од 18 часот.