Креативно катче

Во 2-г одделение во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје, минатата недела на часот по предметот Природни науки, со помош на наставничките Александра Гагоска и Роза Василевска, учениците учеа за живеалиштата во шума, ливада, бара, езеро…
– Учеа и се радуваа на наученото, а тоа, пак, ќе им помогне за подобро разбирање на животот и на самите себеси, како и на живиот свет околу себе. Ете, со големо задоволство вредно работеа рацете на сите ученици: Катја, Стефан, Марко Пешевски, Вања, Виктор, Софија, Андрија, Петар, Мила, Марио, Марко Смилевски, Бојана, Андреј, Бисера, Марко Тушевски, Лина, Марија, Марко Томовски, Алек, Марио, Ангела Петрушевска, Даријан, Мартин и близначките Ангела и Анастасија Коцеви. Браво за сите ученици, кои вредно работеа и направија макета на една река со нејзината околина и на сѐ што се наоѓа тука. Притоа, сите уште еднаш се уверивме дека најдобро се учи за време на групна активност, која подразбира и меѓусебно помагање, дружење и координирање. А секако и уживаме работејќи со различните бои на уметноста – ни рече наставничката Роза Василевска.
И децата и наставничките упатија поздрави до читателите на, како што велат, најубавиот детски весник „Колибри“.