Фото: Пиксабеј

Животни

Промената на однесувањето на кучето, кое претерано или премногу често лае, бара многу труд, време, практика, упорност и трпение. Првото правило е: смирено и одлучно обраќајте му се на кучето што се однесува така, но никогаш не викајте.
Ако вашето куче лае кога е само во станот или куќата, пред да го оставите, обидете се да го изморите. Однесете го на долга прошетка, играјте и трчајте со него. Ако го оставите дома додека сте отсутни, најдете некој да го шета или да си игра со него барем еден час за време на вашето отсуство. Набавете играчки што се полни со храна. Таквата активност ќе го забавува барем неколку часа.
Причината за прекумерното лаење може да биде и здравствен проблем. Тоа може да бидат некои мозочни заболувања, разни болки и слично.
Задолжително проверете го здравјето на вашето домашно милениче кај ветеринар доколку лаењето продолжи. За време на социјализацијата и дресурата, немојте да го учите вашето куче да лае на непознати звуци. Бидете трпеливи и упорни кога го учите да не лае по луѓе или други животни.
Не користете заштитни кошници долго време или какви било слични уреди што ја држат неговата уста затворена. Тоа ќе го спречи да лае, но ќе ја зголеми неговата фрустрација и ќе го зголеми лаењето кога неговата уста ќе биде слободна.