Ајде да видиме…

Ледениот период настанал пред 1,8 милион години и траел до пред 10.000 години. Во текот на овој период, најмалку четирипати, огромни глечери се ширеле кон југ и го покривале поголемиот дел од Северна Европа, Северна Америка и Азија. Помеѓу одделните ледени периоди постоеле периоди со потопла клима, наречени интерглацијални (меѓуледени) фази.
Ледениот период во голема мера влијаел врз развојот на растителниот и на животинскиот свет. Кога ледената покривка се проширила кон југ, мамутите, носорозите и мечките се приспособиле на животот во пространите студени тундри. Мамутите со густо влакнесто крзно и со наслаги од сало биле добро приспособени на северната клима, каде што немало лета.

(Од детската илустрирана енциклопедија
„Прашања и одговори“ на „Топер“)