Здрава храна
Црвен пипер: се употребува за чорби, сосови, јадења со месо. Лут или благ, црвениот мелен пипер е незаобиколен зачин речиси во сите кујни.
Лавров лист: доволно е во некој сос или јадења да се додаде само половина лавров лист и тоа на вкусот ќе му даде нова димензија.Уште од дамнина е познат како врвен додаток поради специфичната арома.
Мелен цимет: одличен е со слатки јадења, но некои го ставата и во солени. Идеален е за десерти од овошје, јадења од зеленчук, го ставаат во колачиња, а кај нас сутлијашот не може да се замисли без цимет.
Мелен коријандер: често се користи во медитерански супи и варива. Добро оди и во комбинација со ким.
Мелен ким: во латиноамериканските јадења го ставаат во јадења од грав и други мешунки. Често и заедно со кари. Некаде го додаваат и во плескавици.
Чили во прав: се додава при приготвување печено месо на скара. Се употребува и во комбинација со лук, оригано, кумин, каранфилче и коријандер.
Црн пипер во зрно: природен зачин што се користи во многу јадења. Црниот пипер е универзален зачин за супи, сосови, риба, месо, колбаси, варива и за разни салати.