Фото: Пиксабеј

Сè помалку луѓе се занимаваат со некои занимања, па не е чудно што со текот на времето расте побарувачката за стручни лица во одредена област, а исто така и цената на нивната работа. „Бестлајф“ ви носи три професии што се пред изумирање, а може да ве збогатат.

Кројач

Тоа е занает што брзо исчезнува, па луѓето што се занимаваат со тоа би можеле да заработат доста профит. Дури и оние што моментално се занимаваат со тоа заработуваат добро, но тие ќе заработуваат уште подобро во иднина, бидејќи сѐ помалку луѓе одлучуваат да се занимаваат со кроење.
– Мислам дека младите едноставно не се едуцирани за тоа што може да направи овој занает за нивниот живот, бидејќи од тоа можете добро да живеете, да го издржувате семејството – рече еден кројач.
За да влезат во индустријата, повеќето луѓе стажираат и учат под водство на искусен работник.

Чевлар

Истото се случува и со чевларите. Чевлите што ги носиме треба некој да ги поправа или изработи, но чевларите прават многу повеќе од тоа – поправаат и кожа, велур итн. Тие се едни од ретките луѓе што ги имаат сите потребни алатки за таквите работи.

Хемиско чистење

Ако одите на хемиско чистење во ваша близина, ќе забележите дека сопствениците обично се многу повозрасни лица и нивните деца генерално не се подготвени да го преземат бизнисот. Тоа е причината зошто индустријата полека умира.