Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

Нема гаранции дека кремовите, козметичките третмани и разните современи методи за борба против брчките ќе ги дадат посакуваните резултати.
Наместо да трошите пари на производи и третмани против стареење, можете да користите домашна маска против стареење, која лесно можете да ја направите сами, за да добиете подобри резултати отколку по користење ботокс. Оваа маска е одлична за сите типови на кожа и ќе ги направи вашето лице и врат негувани и мазни. Направена е од природни состојки и со редовна употреба најмалку десет дена, ќе видите резултати.
Состојки: 1/3 шолја гел од алое вера, 1 лажица бадемово или маслиново масло, 1 жолчка од јајце, 1 лажица мед и 2 лажици вазелин.
Приготвување: Растопете го вазелинот во сад на умерен оган. Додајте ги гелот од алое вера, жолчката од јајце, медот и маслото. Мешајте додека не се соединат сите состојки.
Нанесете ја маската со лесни движења, масирајте ја на лицето, вратот и на деколтето, а потоа држете ја 20 минути. Маската можете да ја нанесете на лицето два часа пред спиење. Најдобро е да ја чувате во фрижидер.