Прогласени победниците на конкурсот на „Колибри“: „Ви ги претставуваме нашите таленти“

Драги деца, еве на крајот на учебната година ги објавуваме имињата на победниците на конкурсот на „Колибри“: „Ви ги претставуваме нашите таленти“. Од пристигнатите творби ги издвоивме трите најдобри, чии авторки ќе добијат книги од издавачката куќа „Македоника литера“, а заедно со нивните наставници ментори ќе добијат пофалници и благодарници. Наедно, со она што го напишаа тие ги претставија талентите на своите училишта, на кои и во иднина им посакуваме успех.
Имињата на победниците се: првото место го освои Марија Николова, деветто одделение во ОУ „Видое Подгорец“ во с. Колешино, Струмичко, за текстот: „Сара Јанева и Ана Арсова постигнуваат успеси со своето познавање на мајчиниот македонски јазик“. Нејзина менторка е Атина Манчева.
Втората награда ѝ припадна на Камелија Ќерамичијева, 5-a одделение во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово, за текстот: „Драгана Рајкова е дете со многу дарби!“. Нејзина менторка е Тања Глигорова.
Третото место го освои Илина Ристовски, петто одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“ од с. Миладиновци, подрачно училиште во с. Мршевци, Скопско, за текстот: „Младите фудбалерки од клубот Брамил се поуспешни!“. Нејзина менторка е Јованка Гроздановска.
Упатуваме честитки до авторите и до нивните наставници, а во продолжение ги објавуваме наградените текстови.

ОУ „Видое Подгорец“ во с. Колешино, Струмичко

Сара Јанева и Ана Арсова постигнуваат успеси со своето познавање на мајчиниот македонски јазик

Сара Јанева и Ана Арсова се две ученички од ОУ „Видое Подгорец“ во с. Колешино. Сара е деветто одделение и е полуматурантка, додека Ана завршува седмо одделение. Двете ученички со своите таленти и љубопитност се преклопуваат во одредени интереси.
Сара Јанева има специфичен глас со извонредна дикција и интонација и често е водителка, рецитаторка, лидерка во проектните активности на училиштето. Исто така е и претседателка на ученичката заедница во училиштето. За неа може да се каже дека зборот ѝ извира од понорите на родното место. Таа пишува поезија, проза и речиси секогаш е присутна на општинските, регионалните и секакви други конкурси што се распишани од здруженија или од институции. Речиси секогаш е наградувана за своето поетско или прозно творештво. Ги обожува приказните од дедо ѝ што содржат фолклорни елементи и многу често ги користи во пишувањето. Користењето на дијалектите во пишувањето е богатство на нашиот јазик и преплетување на минатото и сегашноста. Таа учествуваше и на Регионалниот натпревар по македонски јазик што се одржа во Радовиш. Оттаму носи искуство што ќе го искористи и во иднина. Го љуби мајчиниот јазик и предметот Македонски јазик ѝ е еден од омилените.
Ана Арсова е тивка, мирна и трпелива личност. Додека другите на часот може да се случи да зборуваат или да се шегуваат, Ана трудољубиво ги запишува лекциите, обележува и потцртува. Тетратките ѝ се чисти и навезени со црните букви како најубав вез на бела хартија. Како одлична ученичка по сите предмети, Ана своето прво појавување го имаше како рецитаторка на натпреварот по рецитирање во шесто одделение. И тоа ѝ беше отскочна штица за многу освоени награди! Рецитира, пишува поезија, чита, води училишна програма, учествува на Регионалниот натпревар по македонски јазик и се пласира на Државниот натпревар во Скопје. Поттикната од својата наставничка по македонски јазик, Ана, ја очекуваат уште многу изненадувања на патот на созревањето и творењето!
Исто така, Ана е и хумано девојче, кое дури и одбиваше да ни каже дека нејзината предолга коса ја потстрижи кратко и ја донираше за потребите на болни деца. Самата ни рече: „За добрите дела не треба да се фалиме“.

Авторка: Марија Николова, деветто одделение
Наставник ментор: Атина Манчева

Марија Никола, авторката
на првонаградениот текст
Менторката на првонаградениот текст
Талентите од Колешино

ООУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово

Драгана Рајкова е дете со многу дарби!

Кога ќе го слушнам зборот талент не можам, а да не помислам на мојата најдобра другарка Драгана Рајкова. За мене, таа е дете со многу дарби: широк спектар на знаење, големо љубопитство, постојано истражува, осознава, учи, а пред сѐ е многу добра другарка. Таа учи во 5-a одделение во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово. Исто така, учи и во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица, каде што свири пијано.
Драгана почнува со пишување песни и раскази од седумгодишна возраст, а кога наполни 10 ја издаде првата стихозбирка „Спомени од моето детство“, со 44 нејзини песнички, секоја со своја илустрација. На 20 ноември минатата година се одржа промоцијата на стихозбирката, на што Драгана е многу горда. За неа секој напишан збор претставува една нова ѕвезда, а секоја прочитана книга претставува нов пријател.
Досега учествувала на голем број натпревари, конкурси, а освоила и голем број награди и признанија. Знаете ли дека таа има освоено прва награда по пијано на меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер за млади музичари „Сергеј Михајлов“ во Штип, лани во мај? Била дел и од проект за издавање книга од група автори во рамките на манифестацијата „Поетско Маркукуле 2023“ во Прилеп, со својата песна „Мојот роден град“. Драгана учествувала и во издавањето книга посветена на Мајка Тереза, со песна за големата хуманитарка. Напишала уште многу песни за разни конкурси, меѓу кои и оној по повод празникот 8 Март, организиран од домот на културата „25 мај“ во Валандово, и освои второ место.
Драгана лани доби и признание од Општина Валандово за посебен придонес во областа на уметноста и културата.
За мојата другарка Драгана можам уште многу да зборувам, но тоа ќе го сторам во иднина кога сето погоре кажано ќе го дополнам и со успехот што верувам дека ќе го постигне во иднина.

Авторка:
Камелија Ќерамичијева,
5-a одделение
Наставник ментор:
Тања Глигорова

ООУ „Браќа Миладиновци“ од с. Миладиновци, подрачно училиште во с. Мршевци, Скопско

Младите фудбалерки од клубот Брамил се поуспешни!

Училишниот спортски клуб Брамил од 2010 година активно функционира во рамките на ООУ „Браќа Миладиновци“ од с. Миладиновци, Скопско. Досега во работата на своето портфолио вклучува многубројни освоени државни титули со учениците од прво до деветто одделение, особено во спортовите фудбал и футсал. Клубот и училиштето се особено горди на своите женски тимови, со што секојдневно докажуваат дека секој може да биде успешен во она што го сака, само доколку го прави тоа со многу љубов и посветеност.
Најскорешниот настан поврзан со училишниот клуб е финалниот турнир во фудбал, одржан на 4 јуни, организиран од ФФМ. Тимот што го претставуваше клубот Брамил, при ООУ „Браќа Миладиновци“ од с. Миладиновци, го има следниот состав: Илина Ристовски, Анѓела Богдановска, Мелани Димитриевска, Ана Марија Тошевска и Борјана Трајковска.
Во рамките на турнирот беа одиграни три натпревари против други градови, помеѓу кои: Кавадарци, Струмица и Струга. Фудбалскиот тим од Кочани беше наш противник во борбата за третото место. На крајот од турнирот го освоивме четвртото место. Сите ние учесниците си поминавме убаво, освоивме пехар и дипломи за учество.
На финалниот натпревар му претходеа редовни тренинзи во училиштето на кои не само што учевме техники на игра туку стекнуваме знаења и искуства за тимска работа и соработка. Натпреварите претставуваа вистински предизвик за нас бидејќи и другите екипи беа добро подготвени, играа посветено, но најпосле нашиот труд се исплатеше.
Особено сум горда што сум дел од женскиот фудбалски тим на училишниот спортски клуб Брамил, кој го освои четвртото место во фудбал за девојчиња во Македонија.

Авторка: Илина Ристовски, петто одделение
Наставник ментор: Јованка Гроздановска