ФОТО: Малешнет.мк

Директорката на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, м-р Наташа Аврамска, свечено им ги врачи дипломите и паричните награди на најуспешните деветтоодделенци. По пет илјади денари од Општина Берово добија дванаесет деветтоодделенци што постигнале високи резултати во воспитно-образовниот процес и биле одличен пример за своите соученици.

Добитници на наградите се: Матеј Цикарски, Михаела Беџовска, Огнен Бојаџиски, Сара Бугариновска, Дина Кучевиќ Колевска, Стефан Атанасов, Драган Буровски, Марко Дракалски, Ангела Ременска, Димитар Скендерски, Филип Милчовски и Павел Мечкарски.

По тој повод, на плоштадот во Берово, ученици од истото училиште се претставија со прекрасна кореографија.