Во рамките на „Културно лето Карпош – 2023“
Во рамките на годинашното Карпошово културно лето, во саботата на платото „Млечен“, најмалите карпошани во еден здив ја проследија театарската претстава со мјузиклот,,Малата сирена“. Популарните музички нумери ,,Under the sea“, ,,Kiss the girl“, ,,She’s in love, и многу други првпат беа испеани на македонски јазик, во изведба на децата и младинците членови на студиото за детски мјузикл „Бродвеј јуниор“, кои се регистрирани под здружението „Крео-Аксис“. Ликовите од познатиот анимиран филм на „Волт Дизни“ на сцената се појавија во костими од улогите на истоимениот филм, а беа придружувани од морскиот хор, составен од различни морски животни. На сцената настапија повеќе од 35 учесници, меѓу кои и ученици од општинските основни училишта.
Дечињата, освен својот талент за глума, преку мјузиклот ги покажаа и своите пејачки и танцувачки можности. Имено, студиото е добитник на специјална награда, односно награда за најиновативен и најзабележителен настап на Европско првенство за изведувачки уметности (Metodo pass Performing Cup), кој се одржа во Рим, Италија, во јули оваа година.