Тој шарен свет
На 20 мај се одбележа Меѓународниот ден на пчелите, па по тој повод издвојуваме некои занимливости поврзани со овие вредни инсекти, без кои животот на нашата планета не би бил можен.
– Во медот постојат живи ензими, кои умираат во контакт со метал, а самиот мед станува токсичен. Затоа медот се јаде со специјална дрвена (во последно време и пластична) лажица.
– Во една кошница има меѓу 10 и 80 илјади пчели.
– Медот содржи супстанции што помагаат човековиот мозок подобро да функционира.
– Медот е единствената храна што сама може да го одржи човекот во живот.
– Едно лажиче мед е доволно човекот да не умре од глад 24 часа.
– Прополисот што го произведуваат пчелите е најмоќниот природен антибиотик.
– Медот нема рок на траење.
– За да се добие еден килограм мед е потребен нектар од над 1.000.000 цвета.
– На првите пари на светот била насликана пчела.
– Медот е најдобро да се консумира со саќе.
– Поленот може да има над 1.500 бои и нијанси.
– Пчелата може да лета со брзина од над 60 километри на час.
– Пчелите се единствени инсекти што создаваат храна за луѓето.
– Матицата во еден ден снесува јајце двојно поголемо од нејзината тежина.
– Пчелите мавтаат со крилјата 11.000 пати во минута.