ЗОИ 2026

Германија ги освои сите три медали во трката во боб-двосед на Зимските олимписки игри (ЗОИ) што се одржуваат во Милано и во Кортина д`Ампецо (Италија), покажувајќи апсолутна доминација, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Тоа беше втор комплетен триумф, т.н. еден-два-три победа, на Зимски олимписки игри во боб, а претходната, исто така, беше од германски тимови, исто така, во боб-двосед, остварена на Игрите во Пекинг, пред четири години, пишува АП.
А предводник на победничкиот тим на ЗОИ 2026 беше Јоханес Лохнер, кој го освои својот прв златен медал, постигнувајќи ја најголемата олимписка победа во двосед за речиси половина век. Тој возеше заедно со Георг Флајшхауер.
Тие победија со 1,34 секунд предност пред второпласираните, најголема победа во олимписката трка во боб-двосед во претходните 46 години. Лохнер ќе се натпреварува и во боб-четирисед.
– Нема ништо подобро од тоа кога планот функционира. Без зборови… чувствувам толку многу среќа. Не можам да го опишам ова – рече Лохнер, пренесе АП. Н.М.