Фото: Пиксабеј

Техно

Кина работи на комерцијализирање на 6Г, нова генерација на безжична технологија по 5Г, околу 2030 година, изјави официјален претставник од кинескиот тим за промоција на 6Г.
– Се очекува стандардите за 6Г да бидат поставени во 2025 година – изјави Ванг Жикин, водач на кинескиот тим за промоција на 6Г и заменик-директор на Кинеската академија за информатичка и комуникациска технологија, на кинеската државна Централна телевизија (ЦЦТВ), пренесува „Синхуа“.
Кинеското министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) неодамна објави дека Кина доделила спектар од 6 гигахерци за 5Г и 6Г-системите.
– Спектарот од 6 гигахерци е единствениот висококвалитетен ресурс со висок пропусен опсег во средниот опсег, земајќи ги предвид предностите на неговата покриеност и капацитет – соопшти министерството, истакнувајќи дека опсегот од 6 гигахерци е особено погоден за распоредување на 5Г или 6Г-системи во иднина.
Џанг Јунминг, заменик-министер за индустрија и информатичка технологија, рече сека во следните чекори, министерството ќе ја зацврсти основата за распоредување на 6Г и ќе ја олесни меѓусекторската соработка за да поттикне силен 6Г-екосистем, а истовремено ќе иницира формулирање на глобално унифицирани стандарди за 6Г.