- Ова СП во Будимпешта, кое ќе го одреди најкомплетниот играч, воведува револуционерен формат на натпреварување, дизајниран да го
идентификува најкомплетниот шахист во светот со комбинирање брз класичен, забрзан и брз шах во едно првенство, пишува ФИДЕ
Светскиот шахист број еден, Магнус Карлсен, победи на турнирот во брз шах, со кој почна пилот-турнејата Светско првенство (СП) во тотален шах, без пораз, со седум бода од девет кола, во Будимпешта (Унгарија), пишува Светската шаховска федерација (ФИДЕ). Максим Вашер-Лаграв го освои второто место со 6,5 поени, а Левон Аронијан е трет со шест.
Кјел Мадланд, извршен директор на „Тотал чес“, и претседателот на ФИДЕ, Тимур Турлов, го отворија турнирот со поздравни говори, а потоа го почнаа натпреварувањето со првите церемонијални потези на дуелот Магнус Карлсен – Јан-Кшиштоф Дуда.
Рангирањето по овој турнир ќе ги следи играчите до последниот натпреварувачки ден на ова СП, откако решава во случај на ист број бодови во групната фаза, ги одлучува полуфиналните двојки во сите шест нокаут-групи и му се дава на повисоко рангираниот шахист избор на боја на фигурите во првата средба во брз шах во секој нокаут-натпревар, пишува ФИДЕ. Карлсен ја доби првата предност на турнирот.
Ждрепката ги одреди групите за фазата за турнир во брз класичен шах. Во групата А се Алиреза Фирузџа, Јорден ван Форест, Ендру Хонг, Јан-Кшиштоф Дуда, Левон Аронијан, Нодирбек Абдусаторов, во групата Б ќе играат Владислав Артемиев, Ричард Рапорт, Прагнананда, Винсент Кејмер, Фабијано Каруана, Лием Ле, во групата Ц се Аниш Гири, Хаик М. Мартиросјан, Јан Непомнијашчи, Абхиманју Мишра, Шахријар Мамедјаров, Магнус Карлсен, а во групата Д ќе настапат Ваишали, Ханс Ниман, Бибисара Асаубаева, Весли Со, Арџун Еригаиси и Максим Вашер-Лаграв.
Групната фаза на брзиот класик почна синоќа, двокружно, со темпо за размислување 45 минути плус 30 секунди по секој потег и со три поени за победа и еден за реми. Четирите победници на групите остануваат во игра за титулата, другите се префрлаат во нокаут-рунда за пласман од 5. до 24. место. Вкупниот награден фонд е 650.000 долари, пишува ФИДЕ.
„Тотал чес“ е глобална платформа основана за да го редефинира елитниот натпреварувачки шах за модерната ера, а развиен од Норвеки шах и одобрен од ФИДЕ. СП во тотален шах воведува унифициран формат, кој го крунисува врвниот шампион во светот преку тестирање на извонредноста во три дисциплини, пишува ФИДЕ. Пилот-програмата СП во тотален шах воведува револуционерен формат на натпреварување дизајниран да го идентификува најкомплетниот шахист во светот со комбинирање брз класичен, забрзан и брз шах во едно првенство. По групната фаза, нокаут-мечевите се играат во сите три дисциплини, со четири меча во брз шах (три минути плус две секунди), два во забрзан (15 плус 10) и една средба во брз класичен шах (45 плус 30). Форматот ги наградува конзистентноста, разновидноста и извонредноста во секоја главна дисциплина на елитниот шах, пишува ФИДЕ. Н.М.
































