Ајде да видиме…

Ако со дупчалка направиме дупка во Земјата, длабока речиси 6.400 километри до средиштето на планетата, при секое зголемување на длабочината ќе забележиме многу промени. Прво ќе наидеме на топлина, потоа на жештина. Просечното зголемување на температурата е околу 30 степени Целзиусови, на секои 100 метри длабочина. Набргу станува толку жешко што карпите повеќе не се цврсти, туку смекнати или растопени.
Се минува низ различни слоеви карпест материјал, од цврста кора на површината до дебела обвивка во внатрешноста. Обвивката има два дела. Надворешниот е составен од кристали, а меѓу нив се наоѓаат растопени карпи, познати како магма.
Внатрешната обвивка е цврста, но бидејќи е под многу голем притисок, таа станува „пластична“ – се движи многу полека.
Во внатрешноста на јадрото, во средиштето, нема карпи. Јадрото е составено од метали, пред сѐ од железо.

(Од детската илустрирана
енциклопедија „Прашања
и одговори“ на „Топер“)