Животни
За време на потоплите месеци, пешачењето може да стане незгодно за кучињата бидејќи на температури над 25 степени Целзиусови тие можат да подлегнат на топлотен удар. Вообичаени знаци на топлотен удар кај кучињата вклучуваат тешко дишење, забрзано чукање на срцето, прекумерно лачење плунка, зашеметување и слабост.
И додека луѓето ќе се разладат со соблекување слој облека кога им е премногу жешко, кучињата не можат да го направат тоа, а работите да бидат уште полоши, тие се потат само на места што не се покриени со крзно, пишува „Мирор“.
Центарот за обука на кучиња „Мун вали“ сподели совети што би можеле да им ги спасат животите на кучињата во текот на топлите месеци.
– Ставете ја дланката на тротоарот. Ако не можете да ја држите пет секунди, премногу е топло за да го шетате кучето – тврдат од центарот.
Кучешките шепи се исто толку чувствителни на изгореници како и човечките стапала. Ако надворешната температура е 25 степени, но нема ветер и влажноста е мала, температурата на асфалтот може да достигне 52 степена.
За време на екстремно топло време, обезбедете му пристап на вашето куче до свежа и ладна вода. Одете на прошетки рано наутро и доцна навечер. Следете ги знаците на прегревање и ако ги препознаете на прошетка, застанете, најдете место под сенка и дајте му на кучето вода.