Како се подготви Кина да продолжи со стабилен економски раст и развој
Ако се погледнат заклучоците од клучниот состанок на кој беа поставени приоритетите на економската политика на земјата за 2024 година, недвосмислено може да се заклучи дека Кина е подготвена за стабилен економски раст и висококвалитетен развој. Годишната централна економска работна конференција се одржа во Пекинг во понеделникот и вторникот, на која се разгледуваше економската работа на Кина во 2023 година, се анализираше моменталната економска ситуација во земјата и се организираше економската работа за следната година.
И покрај надворешниот притисок и внатрешните тешкотии, кинеската економија постигна закрепнување и солиден напредок во висококвалитетниот развој во 2023 година, се констатира на состанокот. Иако земјата продолжува да се соочува со предизвици, како што се недостиг од ефикасна побарувачка, прекумерен капацитет во одредени сектори и слаби социјални очекувања, генерално, поволните услови ги надминуваат неповолните фактори, а основниот тренд на економското закрепнување на земјата и долгорочните позитивни изгледи не се променети, се наведува во заклучоците.
Состанокот јасно сигнализираше дека креаторите на политиката ќе се обидат соодветно да ја прошират и ефикасно да ја надградат кинеската економија во следната година.
КОНСОЛИДИРАН ТЕМЕЛ ЗА РАСТ И РЕАЛЕН РАСТ ОД 5 ОТСТО
Од состанокот беше упатен повик за вложување напори следната година за да се продолжи напредокот, истовремено да се обезбеди стабилност, преку консолидација, и „да се воспостави новото пред да се укине старото“.
– Консолидирањето на стабилноста преку напредок бара посоодветна цел и поголема синергија во повеќе политики – рече Вен Бин, главен економист во бакната Чајна Миншенг, додавајќи дека може да се очекува приближната годишна цел од 5 отсто раст и попроактивни политики за зголемување на довербата на деловните субјекти.
Тој наведе дека воспоставувањето на новото пред укинување на старото значи обезбедување непречена трансформација од стари модели во нови модели во клучните сфери, вклучувајќи ги енергетската структура на земјата, економските движечки сили и моделот за развој на секторот за недвижности.
На состанокот беше побарано дополнително зајакнување на контрацикличните и вкрстените циклични приспособувања на макрополитиките и напорите за продолжување на спроведувањето проактивна фискална политика и претпазлива монетарна политика со зајакнати иновации и координација на алатките на политиката.
– Проактивна фискална политика значи дека Кина умерено ќе го зголеми обемот на своите фискални расходи и ќе ја подобри ефикасноста на користењето на капиталот – рече Фенг Ксуминг, истражувач во Кинеската академија за општествени науки.
Зенг Ганг, директор на Шангајската институција за финансии и развој, рече дека се очекува Кина да ги намали сеопфатните трошоци за финансирање и да користи различни алатки на монетарната политика за поддршка на реалната економија на прецизен и ефективен начин.
На состанокот исто така беше истакнато дека треба да се преземат мерки за зајакнување на конзистентноста на ориентацијата и координацијата на макроекономската политика за вработувањето, фискалните, монетарните, индустриските, регионалните, научно-технолошките и еколошките политики и вклучување на неекономските политики во процената на конзистентноста на макроекономската политика, да се осигури дека политиките создаваат синергија.
– Зајакнувањето на координацијата на политиките може да помогне да се избегнат противречности меѓу различните политики и да се создаде синергија за промовирање на висококвалитетен развој – рече Фенг.
КОНКРЕТНИ ЗАДАЧИ ОРИЕНТИРАНИ НА РАЗВОЈ
На состанокот беа наведени девет приоритети во примарната задача за постигнување висок квалитет на развој, со позиционирање на научно-технолошките иновации да го предводат развојот на модерен индустриски систем на врвот на листата.
– Ова е првпат во последниве години Централната економска работна конференција да ги стави научно-технолошките иновации на врвот на економската агенда за следната година – истакна Тиан Ксуан, потпретседател на Факултетот за финансии на Универзитетот Цингхуа.
Тој го нарече аранжманот „прецизна стратетегиска пресуда“, заснована на сеопфатна процена на напредокот на кинескиот економски развој и на фокусот на развојот.
– Кина е во критичен момент на вртење кон нови двигатели на раст од нејзините традиционални – рече Тијан.
Тијан додаде дека постигнувањето на оваа промена на двигателот на растот, поддржана од транзицијата во економската структура на земјата и поголемата самодоверба на високотехнолошкиот систем, стана итна реформска задача.
На средбата беше речено дека треба да се унапреди развојот на приватната економија, како што го забележаа и аналитичарите.
Веи Киџиа, научен соработник во Одделот за економско предвидување на Државниот информативен центар, рече дека состанокот сигнализирал дека ќе се преземат цврсти мерки за да се поттикне, поддржи и води развојот на приватната економија.
– Тоа ќе создаде позитивни и стабилни очекувања за развој на приватната економија – рече Веи.