Техно

Израелската компанија „Камеро-тех“ создала уред со кој може да се види што се наоѓа во внатрешноста на градбите. Станува збор за апаратот „хавер 1000“, кој користи вештачка интелигенција. Апаратот е претставен на годинашниот саем на воена опрема „Еуросатур“ во Париз, Франција.
Со овој уред им се овозможува на војниците во реално време да ги видат предметите во внатрешноста на некоја просторија. Во „Камеро-тех“ сметаат дека овој пронајдок е клучен за војската, безбедносните сили, разузнавачите, но и за спасувачките тимови.
Оттаму укажуваат дека уредот ги дава сите неопходни информации. Визуелниот приказ има висока резолуција, па, меѓу другото, може да се види дали некое лице седи, стои или лежи.
Според „Бизнис инсајдер“, за употребата на апаратот е потребна мала обука.