Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“ продолжува со својата мисија за ширење на филмската писменост и култура за младите низ помалите градови во нашата земја. Вчера и денеска, фестивалот се одржува под името „Џифони патува“, во Центарот за култура и во „Европска куќа“ во Крива Паланка, а на него учествуваат учениците од гимназијата.
Крива Паланка е дваесет и третата општина каде што под името „Џифони патува“ се одржува овој подвижен фестивал што влијае на неформалното.
Филмската програма е намената за учениците од градот и предвидува дводневни активности со прикажување европски филмови наменети за младата публика, кои опфаќаат теми што ја засегаат младата генерација. Филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативност и ќе се забавуваат.
Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм на РМ, Делегацијата на ЕУ во Скопје и Општина Крива Паланка, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.