Во пресрет на јубилејниот 20-ти роденден на детскиот фестивал „Поточиња“, Елена Ристеска и хорот „Поточиња“ на публиката ѝ подаруваат песна полна емоции посветена на секоја мајка.
Ова е година во која и Елена заедно со „Поточиња“ одбележува 20 години на сцената и токму со „Мамо благодарам“ заеднички го најавуваат јубилејното издание на фестивалот, кој годинава ќе се одржи во мај.
Музиката и текстот се на Оливер Пап, а аранжманот на песната го направи Мирослав Пап.
На следниот линк премиерно можете да ја слушнете ја „Мамо благодарам“:
https://www.youtube.com/watch?v=oJzlQnDl3ek