Во рамките на одбележувањето на Детската недела, Живко Поповски–Цветин ги зачести посетите на скопските училишта и градинки. Минатата недела нашиот познат сликар и хуманитарец реализираше Цветна работилница на мирот во детската градинка „Гоце Делчев“ во скопската општина Илинден. На оваа образовна установа ѝ додели и Цветинова награда за мир, а дечињата беа прогласени за најмлади амбасадори на мирот.
Исто така Цветин ги посети и првачињата од 1-2 одделение во ООУ „Љубен Лапе“, во скопски Аеродром, каде што изложи свои цртежи, а исто така и наслика многу цртежи пред љубопитните момчиња и девојчиња.