ФУДБАЛ – ЛИГА ЕВРОПА, НОКАУТ-ФАЗА

  • Натпреварите од првата нокаут-фаза во ова клупско натпреварување ќe се играат на 19 и 26 февруари

Познати се и осминафиналните двојки во Лигата на Европа (ЛЕ), второто по квалитет фудбалско натпреварување. Ждрепката исто така се одржа во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион (Швајцарија). Од просторите на поранешна Југославија, двата клуба ги очекуваат тешки ривали. Така, белградска Црвена звезда ќе има тежок ривал во нокаут-фазата против францускиот претставник Лил, кој заврши прв во групната фаза, додека загрепски Динамо ќе ги одмери силите против незгодниот белгиски клуб Генк.
Поранешни европски прваци исто така се дел од доигрувањето во Лигата на Европа, па секако нема да изостанат возбудливи дуели. Натпреварите од првата нокаут-рунда во ова клупско натпреварување ќe се играат на 19 и 26 февруари, додека ден подоцна ќе се одржи и ждрепката за осминафиналната фаза, каде што веќе ги чекаат своите противници првопласираните осум екипи, следствено на табелата, Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома. Г.И.


Двојки, плејофот ЛЕ:

Лудогорец – Ференцварош
Панатинаикос – Викторија Плзен
Динамо Загреб – Генк
ПАОК – Селта
Селтик – Штутгарт
Фенербахче – Нотингем Форест
Бран – Болоња
Лил – Црвена Звезда