Фото: ЕПА

ТЕНИС – ПОЧНА МАСТЕРС-ТУРНИРОТ ВО ИНДИЈАН ВЕЛС

Сезоната на тениските мастерс-турнири од серијата 1.000 за годинава почна во Индијан Велс (САД), на кој први носители се Александер Зверев и актуелниот двократен освојувач на титулата Карлос Алкараз, а Новак Ѓоковиќ игра за својата рекордна шеста титула на тој турнир, пишува Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП).
Алкараз има цел да им се придружи на Роже Федерер и на Ѓоковиќ како единствени тенисери што го освоиле трофејот на овој турнир три години по ред. Тој игра за својата шеста титула на мастерс-турнирите од серијата 1.000. Ако Ѓоковиќ триумфира во Индијан Велс првпат по 2016 година, тој ќе стане рекордер на турнирот (сега е израмнет со Федерер). Зверев е двократен четврт-финалист на Индијан Велс, вклучувајќи и лани, кога загуби од евентуалниот шампион Алкараз во меч што беше прекинат од рој пчели, пишува АТП. Данил Медведев стигна до финалето двапати во минатите две години. Тејлор Фриц го победи Рафаел Надал и ја освои најголемата титула во кариерата на турнирот во 2022 година, а годинава ќе се натпреварува на својот домашен настан како четврти тенисер на АТП-листата, негов личен рекорд. Стефанос Циципас ќе пристигне во Индијан Велс по титулата освоена на турнирот во Дубаи, Андреј Рублев исто така освои титула, во Доха, а двајцата ќе се обидат да ја освојат својата прва мастерс-титула на тврд терен, пишува АТП.

Н.М.