Во неделата во Кочани почина еден од најдобрите македонски борачи во слободен стил, Коце Ефремов (1956-2018). Како член на БК Спартак беше истакнат репрезентативец на СФР Југославија, освојувач на седмото место на Летните олимписки игри во 1980 година во Москва, потоа медитерански првак во 1979 година во Сплит, балкански шампион, повеќекратен победник на турнирот „Македонски бисер“ и десетина години непобедлив во својата категорија.