Околу 5.000 лица сѐ уште се сметаат за исчезнати по цунамито во Индонезија, кое според последните податоци однело 1.763 животи, соопштија индонезиските власти.
– Најмногу исчезнати има од градот Палу на островот Сулавеси, најсилно погодени од земјотресот и од цунамито на крајот од минатиот месец – соопшти Сутопо Пурво портпаролката на Агенцијата за итни случаи.
Таа додаде дека во двојната катастрофа досега биле откриени 1.763 тела. Областа на Палу со околу 350.000 жители беше погодена од земјотрес со интензитет од 7,5 степени на 28 септември, а потоа и со цунами.