Мотоциклите постојат долго време и се дел од историјата на човекот. Всушност, тие имаат долга и голема историја во прекрасниот свет на транспортот и датираат уште од втората половина на 19 век. Првиот мотоцикл е измислен од Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах во Бад Канштат, Германија во 1885 година, што значи дека мотоциклите се дел од човечката историја веќе 134 години. Низ историјата овие превозни средства се усовршуваат и голем број луѓе ги користат. Возењето возило со две тркала дава чувство на слобода што автомобилите не можат да го овозможат. Мотоциклите се многу поевтини од автомобилите и за одржување и за купување. Други позитивни карактеристики се тоа што паркирањето никогаш не е проблем кога се патува со мотоцикл. Освен овие карактеристики, изгледот и дизајнот на мотоциклите секогаш е навистина привлечен. Да, автомобилите можат да бидат исто толку привлечни, но има нешто повозбудливо кога станува збор за мотоциклите. Има многу мотоциклистички ентузијасти што навистина ги вреднуваат и ги сакаат овие возила и секогаш се во исчекување за новитети. Со развитокот на технологијата, мотоциклите можат да направат повеќе од само тоа да ве одведат од точка А до точка Б. Тие се развија во прекрасни машини за инженерство, при што некои изгледаа како да се дојдени директно од иднината. Мотоциклистичките ентузијасти исчекуваат неколку од нив да се појават во производствената линија во 2020 година.


„Хонда В4“

Концептот „хонда В4“ е начин на компанијата да покаже дека знае да го постигне тоа што ќе го замислила. За „Хонда“, идејата е да ги спои дизајнот и технологијата за да се создаде извонредна машина што ќе му даде исклучително искуство на возачот. Сите знаат дека „Хонда“ е позната по својата естетика, затоа футуристичкиот дизајн не претставува изненадување. Сепак, овој пат поради технологијата „В4“ е импресивен, со тоа што мотоциклот ќе биде придвижуван од В4-мотор со 12.000 кубни сантиметри и полуавтоматски менувач, кој има опција за рачна или автоматска трансмисија.


„БМВ ховер рајд“

БМВ и „Лего“ неодамна го претворија во реалност сонот на мотоциклистичките ентузијасти. Тие се здружија за да произведат возило за летање од 603 лего-дела. Експериментот заврши со целосен модел. Концептот беше толку добро прифатен што потоа многу брзо излегоа гласини дека БМВ ќе изгради цела линија на лебдечки мотоцикли. За жал, БМВ одбива да ги потврди гласините. Во кој било случај убаво ќе биде да се види овој концепт да заживее на пистите во 2020 година.


„БМВ моторад вижн некст 100“

Од БМВ неодамна објавија дека повторно го откриваат нивниот мотоцикл на иднината. Мотоциклот именуван „вижн: некст 100“ ја има најсовремена технологија и поседува стилски и атрактивни дизајнерски елементи. Всушност, мотоциклот дури нуди технологија што овозможува рамнотежен рефлекс на возилото. Тој овозможува автоматско стабилизирање на мотоциклот кога тој регистрира наклонување. Ова значи дека мотоциклот нема да дозволи да паднете. За БМВ, иднината на мотоциклите е комплементарна со порастот на технологијата, а шефот на дизајнот Едгар Хајнрих неодамна за „Хоткарс“ изјави: „Возењето мотор е врвно сензуално и аналошко искуство во сѐ повеќе и повеќе дигиталниот свет“. Да, овој мотоцикл навистина изгледа како нешто од иднината и не разочарува во однос на напредниот инженеринг и сложениот дизајн.Концептот „хонда В4“ е начин на компанијата да покаже дека знае да го постигне тоа што ќе го замислила. За „Хонда“, идејата е да ги спои дизајнот и технологијата за да се создаде извонредна машина што ќе му даде исклучително искуство на возачот. Сите знаат дека „Хонда“ е позната по својата естетика, затоа футуристичкиот дизајн не претставува изненадување. Сепак, овој пат поради технологијата „В4“ е импресивен, со тоа што мотоциклот ќе биде придвижуван од В4-мотор со 12.000 кубни сантиметри и полуавтоматски менувач, кој има опција за рачна или автоматска трансмисија.


„Кавасаки ј“

Во 2018 година „Кавасаки САД“ објави видео на електричниот концепт „кавасаки ј“, кој имаше извонреден дизајн и најнова технологија. Мотоциклот исто така беше откриен како мотор на три тркала и беше фаворит на „Кавасаки“. Иако можеби не изгледа елегантно, концептот личи како да е излезен од иднината. Футуристичкиот и вонземски дизајн, кој може да се забележи само во филмовите, го прави еден од најпосакуваните мотоцикли кај ентузијастите. Еден од најголемите новитети се рачките за управување. Тој поседува две рачки што поединечно ги движат двете предни тркала.