По повеќемесечните преговора и шпекулации, Италија конечно го претстави новиот фудбалски селектор. Kлупата на „аѕурите“ ja презеде Роберто Манчини, некогашниот тренер на англиски Манчестер Сити, италијански Интер, руски Зенит и турски Галатасарај. Манчини (53) потпиша договорот на две години, а го наследи Жан Пјер Вентура, кој, пак, доби отказ по неуспехот во квалификациите за Светското првенство (СП) во Русија. Како што е познато, Италија нема да биде дел од едно вакво СП првпат по 60 години!
Манчини во 2012 година го предводеше Манчестер Сити до шампионската титула во тамошното првенство, а преку Италија и Турција стигна до Зенит во кој беше од минатото лето. Изминатава недела тој го раскина договорот со рускиот клуб, за да ја преземе новата селекторска функција, со која ќе почне на пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија, кој е закажан во Швајцарија на 28 мај. Како фудбалер, пак, Манчини во дресот на италијанската репрезентација одигра само 36 натпревари и никогаш не настапи на СП.